spot_img

БАБА СКРШЕНА ПОРАДИ СТРАШНИTE ДОКАЗИ КОИ ГИ НАЈДЕ ВО ТЕЛЕФОНОТ НА МАЖОТ: Во брак сме 40 години, ме прави будала три децении

- Advertisement -

Младешкиот занес, велат, брзо прераснува во љубов, а тоа во почит и доверба, доволно за да ги надмине сите препреки на кои наидува парот, гарантирајќи долг и хармоничен заеднички живот. И токму кога во тие доцни години, после неколку децении брак, ќе помислиме дека веќе ништо не може да не изненади, понекогаш се случува да сфатиме дека личноста со која споделуваме се што имаме воопшто не е она што сме го мислеле.

Писмо со таа содржина неодамна добил и колумнистот на „Гардијан“ Филип Пери, кога непозната 70-годишна жена си ја отворила душата за своите брачни проблеми и побарала совет за ситуацијата во која се нашла.

Со сопругот сум 40 години. Пред четири недели открив дека имал афера која траела 30 години. Му го зедов телефонот мислејќи дека е мој и забележав порака од непозната жена. Тој и праќал пораки,се договорале да се видат, сето тоа на јазикот на нежноста и љубовта. Кога се соочив со него за тоа, тој ми кажа дека имале афера која траела пет години пред околу 30 години. Рече дека чувството на вина го натерало да престане, иако таа жена била очајна по раскинувањето – се жали анонимната жена.

Нејзиниот сопруг, вели таа, рекол дека никогаш не сакал да ја остави, но и покрај тоа го обновил контактот со жената со која бил во врска, иако тврди дека меѓу нив немало ништо повеќе од пријателство.

Ја посетил, но негира дека имало некаков физички контакт меѓу нив и инсистира дека никој од нив не сакал да го загрози бракот. Јас сум очајна! Запознав негова страна каква што досега не сум ја видела. Инсистира дека тоа било само пријателство, но и во пораките пишувал дека ја сака, што не ми го кажал мене со години.

Нашиот брак долго време не вклучуваше физички контакт. Отсекогаш верував дека тој едноставно не е тип кој се грижи, но дури и за време на оваа траума што трае последните неколку недели, тој не ме ни прегрна. Му реков дека допирот ќе ми биде утешен, но тој не направи ништо. Чувствувам дека нивната врска е побогата од нашата – продолжува очајната жена.

Со нејзината изјава се согласува и нејзиниот сопруг, но бидејќи парот е веќе во доцните години, во периодот кога треба да уживаат со децата и внуците, разводот не изгледа како разумна опција.

Се договоривме да се обидеме да ги поправиме работите, но дел од мене се прашува дали сум луда да останам со некој кој е неверен, интимно и емотивно, толку долго. Сè уште сум во шок. Дали сум глупава, слаба, патетичена? Дали паровите можат да се опорават од вакви ситуации? на крајот праша жената.

Набрзо стигна и одговорот на Филип. Вистина е, некои парови успеваат да ги надминат ваквите ситуации, иако веројатно сега ви се чини дека треба да се искачите на Монт Еверест. Понекогаш изневерениот партнер, во ситуации како вашата, страда од посттрауматско стресно растројство затоа што нивната емоционална благосостојба е загрозена и нивното чувство на сигурност е загрозено.

Доживеавте голем шок и целиот свет се сруши врз вас. Вашиот сопруг има емотивна врска со неа веќе 30 години, а другата половина го одржува имиџот на лојален семеен човек, но сепак се воздржува да биде целосно со вас. Замислете дека до моментот на шокантното знаење, тоа беше вашиот прв брак. Со терапија вие и вашиот сопруг можете да изградите она што ќе биде втор брак – советува Филип.

Тој додава дека за овој процес е потребно време, но и упорност на двајцата партнери, искреност, отвореност и споделување емоции.

Ќе биде неопходно и вашиот сопруг да ви ја пренесе наклонетоста што ја имал кон неа. Важно е да најдете терапевт со кој ќе работите и ќе му верувате. Сепак, прекинувањето на бракот можеби не е толку деструктивно како што мислите. Вашите деца пораснаа и обично е помалку штетно да се знае вистината отколку да се живее со тајни. Се надевам дека ќе научиш да им веруваш на своите инстинкти, иако се плашам дека може да бидат истрошени од она што се случи. Што и да одлучите, се надевам дека при одлучувањето ќе и дадете приоритет на сопствената среќа – заклучи Филип.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ