spot_img

Бизарен живот на еден од најпознатите парови на светот: Забранет е приборот за јадење, а еден ритуал не го делат со никого

- Advertisement -

Според добро упатени извори, милионерскиот живот многу влијаел на оваа позната двојка, а тие денес живеат во балон и се почудно се однесуваат.

Шоуто на Елен Деџенерис , именувано по нејзиното име едноставно „Елен“, влезе во последната сезона оваа година.
По 19 сезони емитување, комичарката ќе и каже „збогум“ на емисијата која ја обожаваат и публиката и познатите личности кои гостуваат во неа, додека вработените во телевизијата веројатно едвај чекаат да ја видат назад.

Една од причините за крајот на шоуто се честите скандали и поплаки на персоналот за однесувањето на Елен Деџенерис, а наводно на нејзината сопруга и позната актерка Портија де Роси и е преку глава од таквиот живот и сака да се оттргне од светот на познатите личности.

Елен се заколна дека ќе ја напушти работата за да се пресели. Таа им кажа на сите свои пријатели дека со нетрпение чека да се пензионира – изјави извор близок на парот пред извесно време и додаде дека Порша се чувствува изневерено затоа што Елен постојано го одложува крајот на својата водителска кариера, поради што некои од нивните пријатели веруваат дека овој брак нема да трае уште многу.

Сепак, Елен неодамна го направи пресекот, а оваа година најдоа купувачи за нивниот луксузен дом во Монтесито, каде соседи им се принцот Хари и Меган Маркл , Опра Винфри и многу други познати личности.

Во минатото често се шпекулираше дека бракот на Елен Деџенерис и Порше де Роси бил во криза, а тие наводно дале се од себе за да продолжи – толку многу што се оддалечиле од реалноста.

Нивното секојдневие е далеку од обично, велат извори блиски на парот, а се побизарното однесување на Елен често се заканува повторно да ја наруши нивната врска.

Како што напиша магазинот In Touch пред извесно време , за да го одржат својот брак, Порша и Елен имаат необични ритуали како што се „завет на тишина“ и „строги правила кои вклучуваат јадење со раце наместо прибор за јадење и избегнување јадење со други“.

Изворот на овој весник тврди дека парот живее во „свој изолиран свет“ , а Елен наводно од својот живот ги исклучила блиските пријатели со кои се дружела со години.

Елен и Порша се мултимилионери кои живеат во балон. Тие го губат контактот со реалноста и се повеќе се ексцентрични , вели изворот.

Наводно, тоа што Елен повеќе не знае да живее вистински живот е еден од виновниците за нејзиното однесување кон персоналот на снимањето и, воопшто, во комуникацијата со другите. Наводно, еднаш забележала дека не и се допаѓа големината на фонтот на iPhone, поради што лично му се јавила на Стив Џобс , сопственикот на компанијата Apple, за да му каже дека iPhone мора да има поголем фонт, изјави еден од поранешните колеги.

Таа е таква. Таа не е некој демон. Таа едноставно живее во неверојатно привилегиран балон и нема контакт со реалниот свет – рече неименуваната соработничка Елен Деџенерис.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ