spot_img

(ВИДЕО)БОСОТО МОМЧЕ (3) ГО РАСПЛАЧЕ БАЛКАНОТ, НО ПРИКАЗНАТА Е УШТЕ ПОШОКАНТНА: И брат му е бос, далеку би отишле, но каде…

- Advertisement -

Краткото видео од тригодишното момче Емир го крена на нозе целиот Балкан , а приказната зад неговите тажни очи е уште поболна отколку што изгледа на прв поглед.

Имено, новинарската екипа ја посети Раковица во Сараево каде се наоѓа ромската населба и ги забележа условите во кои живеат овие лица. Боси деца, без струја и вода, без храна, огревно дрво, облека и обувки, оставени сами да се снаоѓаат.

Ален Авдиќ и неговиот тим ги посетија овие луѓе кои со нив споделија шокантни приказни кои насолзи на многу луѓе поради условите во кои живеат, а кои не се достојни за човек.

Девојката Вахида Сеферовиќ ќе наполни 15 години, била во Мостар каде просела, па ја фатиле и ја префрлиле во дом, а таа многу плачела, па по некое време ја вратиле кај родителите. Научила да чита и пишува, а родителите сакале да ја запишат во училиште во селото, но им рекле дека е премногу стара.

Нема вода, нема струја, нема бања, немаме ништо овде. Децата нема каде да пливаат. Моите четири деца одат на училиште овде во Раковица, без струја, без ништо. Немам никакви приходи, Општината не ми дава ништо – вели тажната мајка.

На овие деца им треба бања, но нема… Нема вода… и одат на училиште Низ полуотворената врата зборува млад човек од населбата.
Вахида би сакала да оди на училиште, да чита и пишува, да најде работа…

Сите тие се обидуваат. Да живеат и да преживеат. Децата одат на училиште, а добрите луѓе понекогаш им помагаат. Човек од населбата на семејствата (6 од нив) им дал по 20 килограми брашно, а други им донеле пакетчиња масло.

Немаат ни тоалет, туку вршат нужда во импровизиран тоалет и се плашат да не се заразат, а децата се капат во тенџере.

Некои продаваат железо, некои просат. Имаа некои приходи, но и тоа престана.
Би сакале да заминеме од тука, некој азил… Немаме никакви можности овде… – ја завршува приказната.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ