spot_img

(ВИДЕО)ВАКВО НЕШТО СЕ ГЛЕДА ЕДНАШ ВО ИЛЈАДА ГОДИНИ: Поплавена долина на смртта во САД, порои вода

- Advertisement -

Неодамнешните обилни дождови во долината на смртта ги поплавија патиштата, ја оштетија инфраструктурата и ги однесоа автомобилите. Метеоролозите велат дека овој настан се случува еднаш во илјада години.

Невремето исфрли приближно 75 отсто од просечните годишни врнежи за само три часа, според експертите на Земјината опсерваторија на НАСА. Стотици посетители и луѓе кои работат во националниот парк Долината на смртта се „заробени“ и сите патишта остануваат непроодни, соопштија официјални лица.

Водата се повлече, но остави наслаги од кал и чакал, иако оние кои беа заробени успеаја да го напуштат паркот претходно оваа недела, со поддршка на спасувачките служби и персоналот на паркот

Даниел Бурк, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Лас Вегас, ја опиша поплавата како историски настан кој се случува еднаш во илјада година. Веројатноста тоа да се случи за една година е 0,1 отсто.

Меѓутоа, ваквите настани, за кои некогаш се сметаше дека се исклучително ретки, стануваат се поизвесни. Научниците откриваат дека временските екстреми , поттикнати од климатската криза, се сè поверојатни на американскиот запад, кој сè уште е погоден од суша. Се очекува сушните периоди да бидат прекинати со силни, разорни бури бидејќи светот продолжува да се загрева.

Опишан како „земја на екстремите“, пустинскиот басен е најсувото место во Северна Америка и е познато по температурите кои се зголемени повеќе од кое било друго место на Земјата.

Нема информации за повредени, но патролата на автопатот во Калифорнија и авионите вршат воздушна потрага, се вели во соопштението на Службата за национални паркови, за да потврди дека сè уште нема возила заглавени во оддалечените области на паркот.

Мајк Рејнолдс, началникот на паркот, рече дека ќе биде потребно „време за обнова“ и истакна дека властите сè уште ја проценуваат штетата предизвикана од невремето на околу 3,4 милиони хектари и повеќе од 1.000 километри патишта во паркот.

Иако бурата не го сруши рекордот на долината на смртта на сите времиња за дневни врнежи, сепак ги сруши рекордите за овој период од годината.

„Ова е место каде што можете да ги видите климатските промени на дело“, рече Рејнолдс.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ