На Зои Миола (25) првите бели влакна ѝ се појавиле кога имала само девет години.




Првиот сребрен прамен во нејзината коса го забележал нејзиниот татко, на кого исто така косата почнала да му белее уште на 12 години.




Поради необичната коса, децата ја малтретирале на училиште, но денес таа е горда на својот изглед. Во прифаќањето на себеси ѝ помогнало нејзиното момче Мет, кое има црвена коса и мустаќи, па Зои честопати се шегува дека тие двајца се како „оган и мраз“.




Зои почнала да се фарба на 12-годишна возраст за полесно да биде прифатена од врсниците и да го избегне понатамошното малтретирање од страна на децата.




Но, на 18 години одлучила да не ја бојадисува својата коса и да ја остави природната нијанса. Зои открива дека откако се прифатила себеси каква што е, добила неверојатна самодоверба.




Таа на социјалните мрежи, а особено на Тикток објавува видеоснимки од својата седа коса и тоа како ја негува. Зои се надева дека тоа ќе ги инспирира другите девојки да го негуваат својот природен изглед, да се сакаат себеси и да бидат свои.
Да го погледнете видеото кликнете ТУКА