spot_img

(ВИДЕО)ГИ ПОТОПИЛА ЈАГОДИТЕ ВО СОДА И СЕ ЗГРОЗИЛА ОД ТОА ШТО ГЛЕДА : Што излегува од нив, дали се бубачки?!

- Advertisement -

Сите знаеме дека потребно е темелно да се измијат овошјето и зеленчукот пред да ги јадеме. Така, не само што ја отстрануваме прашината и нечистотијата, туку и хемикалиите и пестицидите со кои се третираа овие намирници за време на одгледувањето. Овошјето и зеленчукот обично ги миеме со вода, под претпоставка дека тоа е доволно.

Меѓутоа, една жена решила да испроба трик, па свежите јагоди ги натопувала во сода бикарбона и оцет и била шокирана од резултатите.

Некои тврдат дека најефективниот начин за миење на пестицидите од јагодите е да ги натопите во оцет или сода бикарбона, а Ајлин Кејн го пробала тоа.

Јагодите треба да се потопат во смесата некаде од пет до 20 минути, во зависност од тоа дали користите оцет или сода бикарбона, а Ејлин ги става двете во исто време.

„Во ред, го пробав трикот со сода бикарбона и оцет“, вели таа на почетокот на видеото на TikTok, во кое покажува чинија со јагоди и смесата, а потоа зумира за да погледне одблизу сè внатре.

Низ пената создадена од реакцијата на овие две состојки, може да се забележат како се движат ситни црни „линии“, за кои Ајлин најпрвин мислела дека се семиња, но сега, вели таа, не е толку сигурна.

“Мислев дека ова се семиња. Што се тие? Дали се тие, дали се бубачки?”, прашува таа во видеото и додава дека мисли дека се работи за бубачки.

Меѓутоа, луѓето побрзаа да ја разубедат тврдејќи дека тоа се „влакната“ што природно ги имаат јагодите, а кои изгледаат како да се движат поради сода бикарбоната.

Тие не се бубачки. Јагодите имаат мали „влакна“ на нив, а поради оваа реакција изгледа како да се движат“, е еден од коментарите.
Од друга страна, има и такви кои се убедени дека се бубачки.

„Тие се само мали бубачки, што е нормално бидејќи јагодите потекнуваат од природата. Тие секако не се полоши од канцерогени пестициди кои не можат да се измијат“, ѝ рекоа тие.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ