(ВИДЕО)Името на Новак се слуша во Белград: Вака се дочекува Ѓоковиќ 007

- Advertisement -

Белград го пречека Новак Ѓоковиќ по неговата величествена победа на Вимблдон.Огромен број луѓе дојдоа пред градското собрание да го поздрават својот шампион.

Хорот „Чаролија“ ја испеа химната „Божја правда“, а на балконот се појави брилијантниот Новак.

Мајката на Новак, Дијана , ја снимаше секоја секунда од својот син, горда на неговиот огромен успех. Во Стариот дворец вечерва се и Јелена Ѓоковиќ и вујкото на Новак, Горан Ѓоковиќ .
– Добро вечер Белград, добра вечер Србија. Ова се најголемите моменти во мојот живот, кога сум благословен да имам ваква поддршка во спортот кој најмногу го сакам и во кој имам најголеми успеси и благодарен сум за тоа, те сакам засекогаш.

Ви благодарам многу, прекрасни сте, ви благодарам за таквиот
пречек, многу српски тробојки, срцето ми е полно. Трофеите се минливи, а таквите моменти ќе ги носам во срцето до крајот на мојот живот. Морам да ви се заблагодарам. Овие луѓе немаат обврска да бидат тука вечерва, а сепак се појавија. Ми го разубавивте денот, вечерта, годината и животот – рече Ноле во својот емотивен говор.

Новак потпиша неколку топки донесени од Вимблдон и потоа ги фрли во толпата.

Погледнете го во продолжение видеото:

- Advertisement -
spot_imgspot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ