spot_img

(ВИДЕО)„Исплива“ снимка на која мајката на Пике ја стега Шакира за лицето, а тој не реагира

- Advertisement -

„Нема да дозволам сопствената мајка да ме фаќа така, а не свекрвата“ – вака гласат дел од коментарите за новото видео кое вирално се прошири на социјалните мрежи, каде Шакира и нејзината поранешна свекрва се претпоставува дека се расправаат на улица.

Многумина ја осудија Шакира откако се појави веста дека поставила кукла вештерка на балконот, свртена кон домот на поранешната свекрва и „скокнаа“ во одбрана на Монсерат со зборовите дека не треба да се мешаат другите членови на семејството во љубовните проблеми.

Но, многу од нив сега го променија мислењето откако се појави видео на кое Шакира и нејзината свекрва се расправаат и кое покажува дека презирот кон неа кој пејачката го чувствува, не настанал без причина.

Во еден момент, на видеото се гледа како мајката на Пике бесно ја фаќа Шакира за лице, а потоа ѝ гестикулира да молчи додека Пике стои на страна и само ја набљудува ситуацијата.

„Замислете некој да се дрзне вака да ве фати за лице пред сите“, „Срамота е што Пике не реагира“, „Со недели глуми светица, а сега го покажа вистинското лице“, „Кој знае Шакира колку долго го трпела ова“, „Цел овој однос делува токсично“, „Сега ми е јасно зошто постави кукла вештерка на балконот“, се само дел од коментарите на бесните фанови на Шакира на социјалните мрежи.

Инаку, инцидентот кој дури сега се прошири на интернет датира од претходно, но не е познат точниот датум.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ