spot_img

(ВИДЕО)Како да исечете диња на еднакви парчиња

- Advertisement -

Долгите летни денови се пред нас, па секој бара начин за разладување и освежување. Еден од најчестите начини за освежување е зголемената употреба на свежите плодови со висока содржина на вода. Лубеницата и дињата се токму таква храна. Некому е омилена лубеницата, некому дињата, но ретко кој може да им одолее и на двете.

Од ботанички аспект, дињите се едногодишен зеленчукови растенија, од истата група со лубеницата, краставицата, тиквата, тиквичките итн. Потекнуваат од Азискиот контитент, денес се култивираат ширум светот, а доста често се одгледуваат и кај нас, па штета е периодов да го пропуштиме нејзиниот уникатен вкус, но и бенефитите кои има да нѝ ги понуди.

Се консумира како свежа, во различни салати, комбинации за ужина, супи, компоти итн.
Богат извор на хранливи материи

Дињата преставува густо-нутритивна храна, односно храна богата со вода- малку калории, а од друга страна извор на низа хранливи материи.

Дињата е богата со витамини, минерали, растителни влакна, антиоксиданти и други фитохемикалии, вклучително солидни количества на витамин Ц (во 180g – 53% од дневните потреби), витамин Б6 и Б9, витамин К, калиум, магнезиум и селен.

Антиоксидативно дејство
Дињите се исто така одличен антиоксидативен извор.
Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојат се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Дејвид Бишоп во еден од своите видеа демонстрира како без многу мака можете да ја исечете дињата на убави коцки, а тоа е добра и дека ако на пример, планирате да ја носите на плажа или сервирате на маса покрај друго овошје.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ