spot_img

(ВИДЕО)Констракта пишува историја на Евровизија: Три минути музичка медитација за физичкото и менталното здравје

- Advertisement -

Српската претставничка на Евровизија, Констракта, ја освои европската публика со својот специфичен настап, но и со интересни изјави.
На официјалниот сајт на Евровизија беа напишани биографиите на годинашните учесници, а како особено интригантна е издвоена Ана Ѓуриќ.

Покрај тоа, Констракта влезе во историјата на ова натпреварување според една специфичност на песната што ја изведу„Стиховите се на српски и на латински, а ова е првпат во историјата на Евровизија, пишува на официјалната веб-страница.

Имено, ова е првпат латински да се слуша на Евровизија, особено во комбинација со друг јазик, како што е случајот овде.
Оваа страница содржи и интересен опис на уметничката и нејзината изведба.

„Констракта нè води низ три минути музичка медитација за физичкото и менталното здравје, важноста на универзалната здравствена заштита и погрешното фокусирање на општеството на стандардите за убавина“, стои на веб-страницата на Евровизија.
Извор/vecer.press

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ