spot_img

(ВИДЕО)Погледнете како да го разубавиве својот дом така што самите ќе си направите терариум

- Advertisement -

Основата за садење на терариумот се состои од 4 слоја. Слоевите на земја најдобро е да се сипаат со инка (може и картонска) за да ѕидовите од садот не се извалкаат.

Долниот слој за дренажа се состои од грашковиден песок, камчиња, чакал или многу крупен песок. Директната дренажа е важна за да се обезбеди земјата да не стане презаситена, што може да доведе до уништување на коренот, односно растението. Во зависност од големината на садот, треба да се постави барем 2,5 cm дренажен материјал, подеднакво по целата должина на терариумот. За широките и длабоки садови оваа дебелина треба да изнесува 5-6 cm. Каменчињата за дренажа треба да бидат измиени со чиста, врела вода пред употребата.

На врвот на дренажниот слој, добро е да се постави тенок слој на јаглен заради филтрирање и одржување на чистота. Овој слој овозможува воздухот да се чисти од пареи кои настануваат кога органските материи почнуваат да се разградуваат и спречува директен контакт на коренот со водата која се собира на дното.

Третиот слој е тенок слој на тресетна мов кој е поставен меѓу првите два слоја. Негова цел е да се спречи продирање на земја во дренажниот слој (ја одделува земјата која се акумулира на дното во каменчињата).

Последниот слој е земја. На пазарот постојат и специјални миксови кои се наменети за терариуми, кои се состојат од земја во која е додаден песок. Во оваа земја не треба да се става ѓубриво за садење бидејќи таа е доволно хранлива. Премногу ѓубриво може да доведе до тоа да растенијата го надраснат своето опкружување. Доколку сакате да создадете “пустинска градина”, додајте дополнителен песок во мешавината и додатен слој на чакал во дренажниот слој. Слојот на земја нека биде 6-7 cm, во зависност од големината на садот или шишето.

Вашиот мал пејсаж потребно е да се структурира и да се постави на тој начин што ќе остави најдобар визуелен ефект за набљудувачот. На пример, доколку терариумот би се гледал од сите страни, големото растение треба да биде сместено во средината, а помалите растенија околу него. Доколку вашиот терариум биде набљудуван само од една страна, највисокото растение треба да биде сместено во позадината од садот, а најниските растенија треба да бидат во прв план.
Пред садењето, во некој друг сад пробајте да го направите саканиот распоред.

Погледнете го видеото во продолжение:

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ