(ВИДЕО)Слепото дете Ахмед од Јемен помогна да се обнови неговото училиште: Ќе станам доктор

- Advertisement -

Граѓанска војна беснее во Јемен речиси една деценија, што ја турка најсиромашната земја во арапскиот свет на работ на колапс.

Насилството е малку помало од минатогодишниот прекин на огнот, но нема знаци за договор за прекин на конфликтот.

Ахмед е харизматично 11-годишно слепо момче кое за прв пат било претставено од Би-Би-Си пред две години кога предавало на час во бомбардирано училиште во близина на линијата на фронтот. Ахмед тогаш имал девет години и ја повикал екипата да му помогне на неговото уништено училиште.

„Сакаме училиштето да се обнови, потребни ни се нови клупи, врати, прозорци, табли, светилки и батерии“, рече тогаш Ахмед пред камерите.

Училиштето било целосно реновирано со помош на донатори од Јемен и британска хуманитарна организација. Саудиска Арабија, по долгогодишно бомбардирање на Јемен, гради уште едно училиште во близина.

Ахмед верува дека му претстои светла иднина.

“Сакам да бидам учител, доктор, пилот, инженер или возач. Ќе се оженам за убава девојка од градот која ќе ми пече колачи. Девојките од село не се многу добри во печење колачи”, изјавил Ахмед за новинарите на Би-Би-Си. .

- Advertisement -
spot_imgspot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ