




Јапонските навивачи уште еднаш покажаа дека имаат уникатна култура, и покрај тоа што нивната репрезентација не играше, тие останаа по крајот на натпреварот помеѓу Катар и Еквадор и го чистеа ѓубрето на стадионот.




Катарците се чудеа откако на натпреварот на кој нивнаат репрезентација загуби од Еквадор со 0-2, јапонските навивачи кои се нашле на отварањето на Светското првенство, решија да го исчистат ѓубрето на стадионот.




И додека домаќините во неверување снимаа што се случува, јапонските навивачи им објасниja дека не го прават тоа за камери, едноставно не оставаат ѓубре зад себе и ја почитуваат околината.
Japanese fans at the opening World Cup match cleaned up the stands after Qatar-Ecuador. 🇯🇵
Most respectful fans in the world. 👏
🎥 IG/qatarlivingpic.twitter.com/yZHhe0sQNw
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 21, 2022