Девојката со име Кејлин Мартинез од Американската сојузна држава Ајдахо, открила на кој начин би се обезбедила дека вереникот никогаш не би ја изневерил.




„Мојот вереник штотуку потпиша правни документи кои ги заверивме, според кои мора да ги плаќа моите сметки доколку некогаш ме изневери“, вели Кејтлин во видеото на ТикТок кое има над 8 милиони прегледи.




„Значи, доколку ме изневери, сам си се зафркнал“, вели идната невеста и додава дека не знае дали е паметна или луда.
„Паметно и моќно, вистинска Божја среќа“, „Ова е далеку од најпаметна работа која некогаш сум ја слушнал“, биле некои од коментарите под видеото.




Мартинез објаснила дека таа и нејзиниот вереник којшто лично го потпишал документот, нема да ги споделуваат деталите од документот затоа што тој договор е единствен и се однесува само на нивната ситуација.
Таа додала и дека има проблеми со довербата, особено околу парите, па поради тоа одлучила да не открива детали од тој договор, нагласувајќи дека смета дека тоа што нејзиниот вереник бил подготвен да го потпише документот е всушност „многу романтичен гест“.




Што мислите вие?
@salamiiqueen