spot_img

ВИДЕО кое ќе ви го разубави денот Малата Оливија не се откажува од своите штиклички

- Advertisement -

Урнебесно слаткото девојче Оливија Грејс решила да оди во штикли и одбила да се откаже дури и по неколку падови. Нејзината мајка Алиса Ривера објавила видео на TikTok кое собра неверојатни 42. милиони прегледи и многумина насмеало.

Симпатичното девојче Оливија Грејс има омилени чевли – нејзините мали, розови штиклички. Како и секоја дама, така и таа знае дека е прилично тешко да се оди на високи потпетици, но малечката Оливија не планира да се откаже од својот стил.

Нејзината мајка објавила компилациска снимка од смешните обиди на Оливија да оди исправено на своите штиклички, а објавата е вистински хит на платформата Тик-ток. Моментално, снимката има повеќе од 42 милиони прегледи и бројни коментари од корисниците кои слатко се насмеале со слатката и трапава Оливија.

Како што може да се види на снимката, малечкото девојче се обидува да оди облечена во пластичните штиклички и иако паѓа, таа не се откажува. Оливија неколку пати се лизнала, но ни тоа не ја обесхрабрило да ги облече чевлите за својата прошетка со семејството.

„Моето кутро девојче беше настојчиво да ги носи овие штиклички, чија цена е само еден долар“, објаснила нејзината мајка во описот на снимката.

@alyssarivera1120 My poor baby was DETERMINED to wear these dollar general princess heels! #toddlersoftiktok #princess #heels ♬ La Carcacha – Los Originales De Durango

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ