spot_img

(ВИДЕО) Погледнете како ПЕЛЕНИТЕ може да ви помогнат да одгледувате растенија

- Advertisement -

Пелени ви помагаат да одгледувате растенија. Не верувате?

Ако мислите дека пелените и хортикултурата се две работи кои немаат ништо заедничко, тогаш сте во тотална грешка! Пелените се идеален помошник за секој градинар.
Пелените можат да решат голем број на проблеми при одгледувањето на цвеќе:
Ако му ставиме премногу вода, може да дојде до гниење на растението.
Ако не го вадиме доволно, тоа доведува до сушење на растението во периодите кога сме отсутни подолго време од дома.

Премногу збиена почва.
Како да ги користите пелени во хортикултурата?
Тајната е во хидрогелот кој се содржи во пелените. Ако го додадете во почвата, ќе добиете идеална средина за живот за секакви растенија.

Земете една или неколку пелени, во зависност од количината на почвата, за која ви треба.Пресечете ги и истурете ја содржината во сад.Ставете вода, за да набабри гелот и добро промешајте.Додадете почва во сооднос 1: 1 и мешајте повторно.

Оваа мешавина ќе биде трошлива и свежа долго време, а скриените резерви на вода во неа ќе го заштитат растението од гниење, но и ќе му ги достават потребните количини на вода, кога е потребно. Дури и да се случи да го превадите растението, вишокот ќе се апсорбира од пелените. А, ако заборавите да го навадите растението, тогаш тоа ќе си ја набави потребната вода, складирана во хидрогелот.

Оваа мешавина е идеална за растенија кои се во непостојан однос на наводнување. Исто така тоа е одличен начин да ги одржите растенијата живи, додека сте на одмор за подолго време.
Пелени можат да се користат и на друг начин. Многумина ги раствораат и ставаат на дното на садот, наместо наводнување.
Погледнете го видеото на следната страна:

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ