Со корпа за пазарање денеска премиерот Димитар Ковачевски сам си испазари прехранбени производи за 328 денари во еден маркет во Скопје, во обид лично да се увери дали се почитува замрзнувањето на цените наложено од владата.




За овие пари тој си купи млечни производи, леб и макарони. На Ковачевски друштво му правеа и министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, кои пак не си купија ништо.




„Денес можевме сите да се увериме дека ова намалување на цените се почитува од страна на производителите и од страна на трговците и истото се однесува како на намалувањето на цената на лебот, така и на замрзувањето на цените на тестенините, односно намалување и на цените на млечните производи.




Се виде дека низ работа може да се постигне она кое во интерес на граѓаните. Затоа и ги носиме овие одлуки, бидејќи знаеме, а тоа го покажаа и анализите,




дека намалувањето на цените на овие производи битно ќе влијае врз џебот на граѓаните, односно ќе се создадат олеснувања за семејниот буџет“, изјави Ковачевски по посетата на маркетот.