По киднапирањето, исчезнувањето на Мишел Гарет стана еден од најинтересните случаи во земјата.
Едно саботно утро во ноември 1988 година, 9-годишната Мишел Гарет и нејзината пријателка се возеле со своите тротинети низ улиците на Хејворд, Калифорнија. Неколку моменти подоцна, Мишел била вовлечена во автомобил од непознат маж и никогаш повеќе не била видена.




Пријателката на Мишел, Катрина Родригез беше единствениот сведок на киднапирањето. Родригез брзо им кажала на родителите што се случило, кои потоа повикале полиција, но таа на властите им дала опис на погрешна личност. Овој неточен извештај потоа беше циркулиран во медиумите во следните 48 часа, давајќи му на киднаперот доволно време да избега.




По киднапирањето, исчезнувањето на Мишел стана еден од најинтересните случаи во земјата. Локалната полиција примила над 5.000 пријави во првата година од истрагата. Беше објавена награда од 70.000 долари, нејзината фотографија беше ставена на картони со млеко и билборди низ целата земја, но ништо не доведе до нејзино пронаоѓање.




Полицијата истражуваше различни траги во текот на годините, но ниту една не доведе до резултати. Случајот со исчезнатото девојче „тапкаше“ до 2009 година, кога спасувањето на Џејси Ли Дугард од канџите на нејзиниот киднапер го врати исчезнувањето на Мишел во центарот на вниманието, но и овој пат полицијата не го пронајде киднаперот.




Потоа, во 2020 година, по 32 години истрага, илјадници сослушувања и десетици интервјуа, полицискиот оддел Хејворд и ФБИ идентификуваа осомничен – користејќи отпечаток од прст земен од скутерот на Мишел три децении порано. На 21 декември 2020 година, Дејвид Миш беше обвинет за киднапирање и убиство на Мишел Гарет.




Миш беше во затвор 30 години откако беше осуден за убиство на 36-годишна жена во 1989 година. Тој исто така чекаше судење за неговата поврзаност со киднапирањето и убиството на две други млади жени во 1986 година.




Со напредокот во софтверот и технологијата, истражувачот го преиспита отпечатокот пронајден на скутерот во 1988 година и го поврза со Миш. Исто така, во тоа време Миш го возел истиот автомобил што го опишал пријателката на Мишел на денот на киднапирањето.




Иако Дејвид Миш сега го чека судењето за киднапирањето и убиството на Мишел Гарет, тој никогаш не го признал делото и одбива да соработува со полицијата, како што пишува Њујорк Тајмс.




Иако се уште не се знае каде се останките на исчезнатото девојче, окружната обвинителка на округот Аламеда, Ненси О’Мали се надева дека овој најнов развој ќе му донесе на семејството на Гарет барем малку олеснување. Во изјавата, таа рече дека се надева оти обвиненијата против Миш „ќе му дадат утеха на семејството на Миш да знае дека правдата ќе победи, дури и по 35 години од ова ужасно злосторство“.