Корисничка на ТикТок предизвика дискусија на таа социјална мрежа откако објави видео во кое откри трик со кој успева бесплатно да внесе повеќе багаж во авион.




Во видеото кое собра повеќе од десет милиони прегледи, девојката влече куфер со перница. Откако ќе се качи во авионот и ќе седне, намигнува и открива дека всушност има облека внатре во перницата.




Некои коментатори биле воодушевени од нејзината генијалност.
„Генијално“, напишал еден од следбениците.„Го користам овој трик 20 години и никогаш не ме изневерил“, открил друг.




Сепак, некои имале поинакво мислење.
„Се уште треба да поминете низ рентген скенер, така што навистина не е трик“, напишал коментаторот.„Донесете дезодоранс следниот пат затоа што најверојатно сте се потеле додека ја носевте перницата наоколу“, додаде друг.
@nolimitua #travelhack #travelhacks #pillowtransformation #lifehack #travellight #noonesgonnaknow #traveltips #travellife #traveltip