spot_img

Викенд хороскоп:Што ни носи хороскопот овој викенд? 2-4 септември.

- Advertisement -

Што ни носи хороскопот овој викенд?
Овен-Завршете ги сите обврски во петок, за да можете да имате одличен викенд. Во сабота наутро, со енергијата на тригонот меѓу Месечината во Стрелец и Јупитер во вашиот знак ви доаѓа бран на убава енергија. Единствено на што треба да внимавате е вашиот темперамент бидејќи подоцна во текот на денот Марс прави опозиција со Месечината. Не се саботирајте себеси, но и не навлегувајте во конфликти само поради тоа што сте нервозни. За среќа, бранот на убава енергија продолжува и во недела, кога е и совршен ден да се опуштите.

Бик-Во петок, квадратот меѓу вашата владејачка планета Венера и Месецот во знакот Шкорпија може да ви донесе лутина и бес. Водете сметка за работата и завршувањето на вашите обврски. Добра енергија сепак доаѓа под влијание на тригонот на Месечината во Стрелец и Јупитер. Недела е ден за среќа!
Близнаци-Вашата владејачка планета Меркур прави опозиција со Јупитер во текот на денешниот ден, а вашата љубопитност може да ве однесе на места и теми на кои претходно не сте ни помислувале. Тригонот меѓу Месечината во Стрелец и Јупитер во Овен во сабота го отвора вашето срце, помагајќи ви да ја подигнете врската на едно повисоко ниво. Во недела, квадратот меѓу Меркур и Месечината носи недоразбирања со луѓе од вашата околина.

Рак-Тригонот меѓу Месечината и Нептун во петок ви носи инспирација да постигнете што и да посакате. Исто така, секстилот меѓу Месечината и Плутон ви помага да ги пренесете своите планови на дело. Во сабота, тригонот на Јупитер со Месечината го подобрува вашето расположение. Во недела, Месечината е во Јарец и влијае на вашите лични односи, а дополнително тригонот со Сонцето ви носи хармонија во вашите љубовни односи.
Лав-Тригонот меѓу Месечината во Шкорпија со Нептун и секстилот со Плутон во текот на денешниот ден ви носат инспирација да реновирате во домот и да го средите својот животен простор. Во сабота, тригонот на Јупитер со Месечината внесува романтика во вашиот живот и ве зближува со саканата личност. Ако сте сами, ова е одличен ден да одите на љубовен состанок. Во недела, продолжуваат поволните аспекти за љубов. Уживајте!

Девица-Опозицијата на вашата владејачка планета Меркур со Јупитер во текот на денешниот ден може да направи да се дефокусирате, па затоа бидете внимателни особено ако треба да завршите нешто важно или пак правите планови за викендот. Во сабота, тригонот на Јупитер со Месечината ги подобрува вашите односи, а секстилот меѓу Сатурн и Месечината во недела ви помага да се насочите кон некои семејни прашања и да донесете важна одлука.
Вага-Вашата владејачка планета Венера во текот на денешниот ден е во квадрат со Месечината, поради што ќе имате потреба да се оддалечите од другите и да бидете сами. Во сабота, тригонот на Јупитер со Месечината во Стрелец ви помага да го подобрите расположението и да уживате во магијата на животот. Во недела наутро, секстилот меѓу Месечината и Сатурн ви отвора можност за организација на мислите, работата и животот.

Шкорпија-Денеска, Месечината е во вашиот знак и нејзиниот тригон со Нептун ви носи можност да се изразите и да бидете креативни. Во меѓувреме, во сабота тригонот на Месечината со Јупитер ве инспирира да се посветите на уживањето и забавата и да ги видите пријателите кои не сте ги виделе некое време.
Стрелец-Опозицијата меѓу Јупитер (вашата владејачка планета) и Меркур во петок може да донесе до тоа да посветите повеќе време на она што вам ви е значајно. Како резултат на тоа, можеби ќе се преоптоварите и ќе преземете на себе повеќе одошто можете. Пробајте да не го правите тоа. Во сабота, тригонот на Јупитер со Месечината е одличен транзит за вас. Се подобрува расположението и постои леснотија во вашиот живот. Во недела, ќе имате можност да се позанимавате со некои практични прашања кои долго ги одложувате.

Јарец-Во текот на денешниот ден се буди вашата емпатија и желба да им помогнете на другите, а во сабота со тригонот меѓу Јупитер и Месечината се подобрува вашето расположение и добивате желба да минете повеќе време со своите пријатели и семејство. Во недела, секстилот меѓу вашата владејачка планета Сатурн и Месечината може да ви помогне да направите ред од хаосот кој можеби постои во некои области од вашиот живот.
Водолија-Вашата креативност е на високо ниво во петок, пособно во однос на финансиските прашања. Во меѓувреме, во сабота тригонот на Јупитер и Месечината ве повикува да се поврзете со своето семејство и да зборувате на важни теми. Во недела, имате можност да ги решите конфликтите со своите пријатели.

Риби-Тригонот меѓу вашата владејачка планета Нептун и Месечината ви ветува креативен и исполнет викенд. Во сабота, тригонот на Јупитер со Месечината ви носи нови идеи и планови, а неделниот секстил меѓу Месечината и Сатурн ви носи ред и хармонија и ви помага да ги решите љубовните проблеми и предизвици.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ