spot_img

ВО РЕГИОНОТ НАЈМНОГУ ЗЛАТО ИМА СРБИЈА , а еве на кое место е Македонија

- Advertisement -

Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека Србија има најголеми резерви на злато меѓу земјите од регионот. Второто место на Балканот го зазема Македонија.

Резервите на Србија достигнуваат 38,1 тон златни прачки, што ја прави водечка земја во регионот по количината на овој благороден метал депониран во трезорите на Народната банка на Србија.

На второ место на Балканот е Македонија со 6,9 тони златни резерви, па следува Словенија со 3,2 тони, Босна и Херцеговина со три тони злато и Црна Гора со 1,09 тони.

За Хрватска е наведено дека нема резерви во злато, бидејќи има продадено повеќе во 2001 година.
Србија денес има двојно повеќе злато од пред десет години, додека вредноста на девизните резерви на овој благороден метал во тој период е зголемена за повеќе од три пати. Според податоците на Народната банка на Србија, во нивните трезори се чуваат 38,1 тони злато, додека во 2012 година имало 15,3 тони.

Златото претставува многу важен дел од девизните резерви, бидејќи историски се карактеризира како „безбедно средство“, а неговата улога е особено очигледна во периоди на изразена неизвесност, каква што сме сведоци денес – во амбиент на геополитички тензии во Украина, енергетската криза и глобалниот раст на инфлацијата.

На крајот на јуни 2022 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.116,1 милион евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,3%) по што следуваат валутите и депозитите (14,5%) и монетарното злато (12,3%) – се наведува во соопштението на Народна Банка на Македонија објавено на нивната веб страна.

Светскиот совет за злато објави анкета на централните банки, чии резултати покажуваат дека финансиските институции продолжуваат позитивно да го гледаат златото како резервна актива. Тие укажуваат дека уделот на испитаниците од централната банка кои имаат намера да ги зголемат своите златни резерви се зголемува секоја година.

Втора година ниту една банка нема намера да ја намали количината на своето злато, а од друга страна дури 25 отсто од испитаниците велат дека планираат да ги зголемат резервите во злато, наспроти 21 отсто лани.

Централните банки се пооптимисти за златото како резервна актива во 2022 година, при што 61 процент од испитаниците изјавиле дека очекуваат глобалните златни резерви да се зголемат во следните 12 месеци.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ