spot_img

ВУЧИЌ ПОВТОРНО НАЈАВИ ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска зборувал за економските тешки времиња во Европа и како тоа ќе се одрази на Србија.

Според него, во Европа, Германија „ќе оди во рајот во однос на другите“.

-Најсилни се реално, можат фигуративно да фрлаат пари и веќе потрошија милијарди за да ги спасат своите компании, вели Вучиќ.

Купуваме нови 30.000 тони мазут поради неодговорни луѓе во локалните самоуправи. Тоа мора да го направиме заради народот, бидејќи нашиот народ ќе ги вклучи греалките ако нема парно, а тоа врши притисок врз електроенергетскиот систем, рекол претседателот на Србија во интервју за Тв Пинк.

Тој исто така најавил дека ќе ѝ помогнат на Македонија околу гасот за ТЕ-ТО.

Ги решаваме проблеми и со Македонците затоа што имаат гасна станица што може да произведува струја на гас, па да им дадеме гас. Тоа е 5-7 проценти од зимската потрошувачка на струја, додал тој.

Чекаме да не известат дали ќе дозволат 100 мегавати струја низ системот. Ова е навистина важна работа бидејќи дополнително би обезбедиле енергија за нашите граѓани, посочил Вучиќ.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ