Црквата и верниците денеска го празнуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Теодор Стратилат, светец од IV век.




Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода и градоначалник на градот Ираклија во моментот кога решил да го остави сето свое богатство и моќ и да стане христијанин, иако знаел дека тоа ќе го чини живот.




Откако во својот роден град ги урна многубожечките идоли, го навлече гневот на императорот Ликиниј, кој нареди светецот да биде уапсен и подложен на страшни маки.




После тоа свети Теодор бил камшикуван, распнат на крст, стрелан со стрели и на крајот погубен. Во христијанското предание се споменува дека за целото време на мачењето постојано велел: „ Слава Ти, Боже мој, слава Ти!“




Свети Теодор почина во 319 година пред да ја види победата на христијанството и неговото прогласување за официјална религија на Римската империја. Неговите мошти биле пренесени од Евхаита во Константинопол и погребани во црквата Блахерни.




„Има мачеништво поскапоцено од скапоценото“. Скапоценоста на мачеништвото зависи од големината на богатството што христијанинот го напушта и наместо тоа добива страдање; а зависи и од големината на страдањата, кои тој ги поднесува заради Христа“.




Бидејќи и самиот бил војник кој ризикувал сè, Светиот великомаченик Теодор Стратилат денес се смета за заштитник на војниците. Се верува дека ќе ги заштити од какви било неволји доколку му се молат и побараат помош.