spot_img

ДЕНЕС Е СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ: Испочитувајте го АМАНЕТОТ на големиот светец и направете ги овие 4 работи

- Advertisement -

Свети Наум Охридски важи за голем исцелител, па затоа луѓе од сите верски определби му се поклонуваат и веруваат во него

Македонската православна црква и нејзините верници денес го одбележуваат споменот на Свети Наум Охридски.
Свети Наум на сите ни остави краток и јасен завет, кој гласи:
„Ќе ви оставам еден завет, навистина краток и јасен, со кој јас кутриот се обидов да живеам и кој може да ви биде корисен.

Ова се четирите скалила на патот кон спасението. Кој сака да биде совршен мора да ги помине овие четири чекори“.
Будење,Покајание, Очистување, Причестување.

Свети Наум бил ученик на еднакво апостолските учители на Словените, свети Кирил и Методиј, и еден од Петокнижините, кои најревносно соработувале со словенските апостоли. Свети Наум отпатува во Рим, каде што се прослави со својата чудотворна моќ и со своето големо учење.

Знаеше многу јазици. Од неговите очи се излеа исцелителна сила која ги исцелуваше болните кои само со вера гледаа во очите на светиот угодител Божји.

По враќањето од Рим, светите Наум и Климент се населиле на брегот на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствувал како епископ во Охрид, Свети Наум основал манастир на јужниот брег на езерото.

Манастирот и до денес го краси тоа крајбрежје, како што името на свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство. Низ вековите, манастирот бил извор на чудотворна сила и прибежиште за болните и неволните.

Околу Свети Наум се собраа многу монаси од целиот Балкан. Свети Наум бил мудар учител, единствен монах водач, решителен подвижник, чудотворец, творечки молитвеник и духовен водач. Свети Наум, неуморен работник, особено се трудел да го преведе Светото писмо и другите црковни книги од грчки на словенски. Тој правел чуда за време на животот и по неговата смрт.

Неговите чудотворни мошти и до денес продолжуваат да восхитуваат со бројни чуда, особено исцеленија од тешки болести, особено – лудило.

Кога е летен одмор, во манастирот Свети Наум се собира многу народ. Многу болни доаѓаат, или се носат, да добијат исцеление таму над моштите на светителот преку вера и молитва. Не само православните, туку и луѓе од друга вероисповед доаѓаат да побараат помош од Свети Наум.

Се упокои во првата половина на X век.Во 1926 година еден муслиман од Ресно донел и прикачил ѕвоно на манастирот во знак на благодарност за тоа што светецот го излекувал брат му и повторно го воскреснал од смртна постела.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ