spot_img

Денес се слави Светиот великомаченик Мина: Жените не смеат да го прават ова, а еден обичај носи НАПРЕДОК ВО КУЌАТА

- Advertisement -

По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската, и градот, и луѓето, и сиот свет, та отиде во пуста планина. Бидејќи на свети Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе.

Еден ден, светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги разобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша свети Мина кој е тој и што е.

Светителот му одговори: „Татковина ми е Египет, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова, Пирос го подложи свети Мина на големи маки.

Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, и најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква.

Свети Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секој што го слави свети Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помага. Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.

Меѓу народот, има интересни обичаи поврзани со овој празник, кои, според етнолози, потекнуваат од паганско време. Некогаш, на Мратиндан, Старите Словени го славеле култот на волкот, кој истовремено е моќен противник и заштитник од демоните.

Така настанало верувањето дека свети Мина на 24 ноември ги здружува сите волци и одредува колку овци од кој домаќин може да изедат таа зима за да не нанесат премногу штета никому. Оттука и обичајот на овој ден да не се вадат овците од трло.

Денеска завршува периодот на Деновите на Волкот , кој започна на Ѓурѓиќ. Во овие денови од дома ништо не се дава, не се преди волна и не се мие. Кројачите и чевларите одмараат, а жените не работат физичка работа.

Кај постарите луѓе постои верување дека ако Мратиндан падне во магливо време, зимата ќе биде променлива . Во случај на ведар ден, зимата ќе биде ладна и тешка.

Се верува дека ако на овој ден домаќинот ги преземе домашните задолженија, работите ќе се подобрат за домаќинството. Од друга страна, ако домаќинот се однесува разгалено и досадно, годината ќе биде лоша.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ