Има ли крај на ова самопонижување, прашува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Тој му се обрати на премиерот Зоран Заев, кому му порача дека зборува во име на сите, и ги понижува и предците.




„Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на премиер во име на сите нас, не понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и се уште се антифашисти.




На 11ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен премиер. Сега молкот е повеќе од срам!“, пишува Димитриевски.




Премиерот Зоран Заев најави промени во учебниците, со тоа што ќе се исфрли „бугарски“ пред фашистички окупатор. Ова беше едно од барањата на бугарскиот државен врв.