spot_img

ЕПИСКОП НИКОЛАЈ ВЕЛИМИРОВИЌ: Секоја мајка треба да го научи своето дете на овие 3 работи!

- Advertisement -

Биди свештеник на својот син – должност на свештеникот е да ги бунтува луѓето против злото – и твојот дом ќе биде храм.

Најмногу зависи од мајката. Секогаш имајте ги на ум овие три работи.
Прво : оставете го вашето дете без ручек. Вашето дете треба да знае што значи да се биде гладен и треба да може да го дава својот ручек на гладните овде и таму во својот живот.

Второ. Никогаш не дозволувајте вашето дете да зборува злобно за другите луѓе пред да го признае и да се покае за своето зло. Светот може да го поправи само оној кој е способен да се поправи себеси.

И трето : немојте да го учите вашето дете на себичност. Да се ​​научи детето на себичност значи да се повтори доктрината што природата му ја дала веќе при неговото зачнување. Колку и да си го научила ти мајко на несебичност, никогаш нема целосно да ја победиш природата.

Затоа , не престанувајте да го советувате вашиот син секое утро: дај им, синко, од сето она што го имаш многу,дел на вашите пријатели, кои немаат ништо. Не престанувајте да барате од својот син секоја вечер да ги каже неговите добри дела од тој ден.

Биди свештеник на својот син – должност на свештеникот е да ги бунтува луѓето против злото – и твојот дом ќе биде храм.

Не криј од својот син, дека злото има свој висок и темелен престол на овој свет, на кој милиони луѓе му се поклонуваат дење и ноќе. Но, воспостави го во верата, дека тој не им припаѓа на оние милиони кои го обожаваат злото, додека нему му е предодредено да биде војник на доброто“.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ