Змија, ЖЕНИ или нешто друго? Истражувањето покажало од што најмногу се плашат мажите

- Advertisement -

Иако припаѓаат на посилниот пол, а често им се припишуваат атрибути како сила, храброст, борбеност и слично, мажите имаат и стравови.

Стравовите се сосема нормални и природни и никој не треба да се срами да се плаши од нешто.
Можеби ќе помислите на работи како бубачки или змии. Можеби мислите дека мажите се плашат жената да дознае некои работи за нив, да се засрами пред неа или нешто слично, но работата е посложена. Некои од овие стравови се сосема оправдани, а едно истражување покажало дека припадниците на посилниот пол особено се плашат од 2 работи – ќелавост и импотенција.

Она што може да изгледа чудно е дека во гореспоменатото истражување, во кое учествувале 2.000 мажи, 94 отсто од нив се изјасниле дека се плашат од губење на косата, додека помалку од нив, поточно 89 отсто, изразиле страв од еректилна дисфункција.

Водачот на истражувањето, Јан Вотсон, кој работи во HIS Hair Clinic во Велика Британија, изјавил дека мажите се плашат од помислата некој да се шегува на нивниот изглед. Иако на почетокот можат да ги сфатат и прифатат коментарите на таа сметка како шега, со текот на времето почнуваат да се навредуваат.

Многу мажи го поврзуваат губењето на косата со стареење и губење на машкоста. Иако е јасно дека ќелавоста нема никаква врска со тоа колку е паметен, смешен или грижлив мажот, особини што жените ги ценат многу повеќе.

Истото истражување покажало дека 60 отсто од нив се плашат да не ги загубат забите , а третина од нив се плашат од губење на слухот. Затоа најголемиот процент од нив признале дека нивните стравови се однесуваат на здравјето, но не можеме, а да не ги поврземе овие аспекти со грижата на мажите за тоа колку ќе бидат привлечни за женскиот пол.

Еве ги сите стравови кои мажите ги признале во истражувањето за кое зборуваме.

Ќелавост (94 проценти).Импотенција (89 проценти).Седа коса (75 проценти).Зголемување на телесната тежина (64 проценти).Губење на забите (61 отсто).Глувост (31 процент).Лош здив (24 проценти).

- Advertisement -
spot_imgspot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ