spot_img

ЗОШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОГРЕШИТЕ ​​СО РОДИТЕЛИТЕ: Животот враќа уште посурово за се што правите!

- Advertisement -

Што и да правите на вашиот татко или мајка, очекувајте да биде бумеранг од вашите деца, само полошо.
Еднаш одамна имаше една изнемоштена старица која, кога ѝ умре саканиот сопруг, отиде да живее со синот, снаата и внуката.

Секој ден и се влошуваше видот и слухот . Понекогаш рацете ѝ се тресеа толку многу што грашокот се тркалаше од чинијата до подот и супата се истураше од чинијата.
Синот и снаата не можеле да и помогнат, но биле изнервирани од нередот што го правела.

И еден ден рекоа: „Што е многу, многу е“ , па ѝ поставија масичка во аголот до орманот за метли и ја пуштија сама да ги јаде сите оброци таму.

За време на оброците, таа ги гледаше од другата страна на собата, со очите полни со солзи, но тие речиси и не зборуваа со неа, освен да ја караат кога ќе ја испушти лажицата или вилушката.

Една вечер, непосредно пред вечерата, малото девојче седеше на подот и си играше со коцки.
„Што правиш?“, зачудено ја прашал татко и.

“Ви правам мала маса за вас и за мама. За да јадете сами во аголот кога ќе бидам голема”, рече малото девојче низ насмевка.

Таткото и мајката останаа без зборови цела вечност. И тогаш почнаа да плачат – во тој момент станаа свесни за она што го направија и за тагата што ја предизвикаа.

Таа вечер ја вратија старицата на вистинското место на големата маса и од тој ден таа секогаш јадеше со нив.
И кога парче храна би паднало на масата или вилушка залутала на подот, се чинеше дека на никого повеќе не му беше грижа.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ