spot_img

И се јавив на МАЈКА МИ И РЕКОВ ДЕКА СЕ ОБИДОВ ДА СИ ГО ОДЗЕМАМ ЖИВОТОТ: Актерката заврши во лудница, па отворено проговори за се!

- Advertisement -

Еван Рејчел Вуд откри дека пред девет години завршила во ментална институција откако се обидела да изврши самоубиство.

Ѕвездата на „Вестворлд“ напиша текст за менталното здравје за Најлон и на тој начин ја сподели својата приказна со сите.

Не сум експерт, но можам да го споделам моето искуство. Кога имав 22 години, се прегледав во психијатриска клиника и не се срамам од тоа – започна таа.
Сега кога гледам, тоа беше најлошото најдобро нешто што ми се случи – вели актерката.

Беше утро и се чувствував како да ме прегази камион. И тогаш, речиси хистерично, го зедов телефонот. Тоа беше еден од оние моменти кога конечно морав да одлучам – или да продолжам да живеам или да почнам да го живеам животот во потполност – напиша таа.

Потоа и се јавила на мајка си и ѝ рекла дека и треба помош бидејќи штотуку се обидела да се сам0убиe.
Кога и се јавив и реков дека морам да одам во болница, не размислував за физички повреди, туку за ментално здравје вели актерката.

Таа додава дека овој повик за помош дошол со одредено олеснување.
Кога ќе паднеш на дното, немаш каде да одиш освен нагоре – заклучува таа.

Таа вели дека во тоа време три дена не јадела и не спиела и дека се чувствувала како „ништо“. Тоа беше прв пат таа да побара помош.

Морам да ви кажам, не препорачувам да имате искуство блиску до смрт, воопшто не го препорачувам, само сакам да ви кажам – многу луѓе кои го доживуваат потоа стануваат сосема нови луѓе – вели Еван.

Еван се бореше со посттрауматско стресно растројство како резултат на „ неколку сiлувања и неколку навредливи врски “.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ