Станува збор за предавање на психолог , па дури и ако се работи за урбана легенда која кружи на мрежата, не е лошо да се знае оваа мудрост. Предавањето на дотичниот професор е вака:




„Секојдневно се соочуваме со предизвици и пречки кои ни помагаат да растеме и кои не дефинираат. Но, кога ќе навлезе стресот, тој може да ги направи работите целосно невозможни. Тоа дури може да не парализира и да не спречи да правиме работи што мора да се направат, рече професорот на почетокот на предавањето. Потоа истури вода од бокалот во чаша и ги праша учениците: – Колку е тешка оваа чаша вода?




Учениците дадоа различни одговори:
„Два децилитри“, рече еден ученик, а потоа следеа одговорите: „три децилитри“, „пет децилитри“.




Професорот им одговорил: „Апсолутната тежина на оваа чаша не е важна. Зависи колку долго ќе ја држам. Ако ја задржам една минута, ништо не се случува. Ако ја држам еден час, раката ќе почне да ме боли. Ако ја држам цел ден, раката ќе ми се вкочани и ќе останам парализиран.




Значи тежината на чашата не е променета, но колку подолго ја држам, толку таа станува потешка“, рекол професорот, а потоа продолжил.




„Стресовите и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако размислите за нив некое време, тогаш тоа не е проблем. Ако размислите малку подолго, тогаш почнува да боли. Ако мислите на нив цел ден, ќе бидете парализирани и нема да можете да направите ништо друго. Запомнете: спуштете ја чашата“, заклучил професорот.