Не треба да го прилагодуваме целиот дом на фенг шуи за да ги имаме сите посакувани аспекти, но важно е да ги избегнеме грешките што ни ја крадат среќата.




Според древната кинеска филозофија, се верува дека најдобриот живот се создава кога сме во хармонија со просторот во кој живееме. Распоредот на мебелот, положбата на нештата и боите на ѕидовите кажуваат многу за нас, а имаат и големо влијание врз нашата енергија.
Се верува дека Фенг Шуи има голем придонес во нашата работа, здравје, семејни односи и финансии.




Не е неопходно целиот дом да се прилагоди на фенг шуи за да ги имаме сите посакувани аспекти, туку важно е да ги избегнуваме грешките кои ни ја крадат среќата, енергијата и поради кои „не ни оди“. Во овој текст го истакнавме она што е клучно за подобро расположение и енергија во спалната соба.




Положбата на креветот во спалната е важна, бидејќи таму поминуваме голем дел од животот. Спиеме, одмараме, читаме и тука поминуваме голем дел од нашето време. Креветот никогаш не треба да биде до ѕидот каде што е вратата од собата. Треба да можете да ја видите вратата од креветот, тоа е една од клучните работи.




Креветот треба само од едната страна да се потпре на ѕидот, а се препорачува да биде горниот дел, каде што доаѓаат перниците и главата. Ако не можете да ја видите вратата од вашиот кревет, поставете огледало за да можете да видите што се случува на таа страна од собата.