spot_img

Лекции од животот на починатиот дедо: Правете ги овие 15 работи секој ден, за подоцна да не се каете!

- Advertisement -

Писателот и поет Џејмс К. Фланаган им оставил на своите внуци писмо со бројни совети што ги стекнал за време на неговиот долг живот. На 3 септември 2012 година, тој ненадејно почина од срцев удар , а писмото беше објавено со дозвола на неговата ќерка Рејчел Крајтон.

Секој од вас е најубавиот подарок од Бога за вашето семејство и за целиот свет. Секогаш запомнете го тоа, особено кога се сомневате во себе и кога сте обесхрабрени .

Не плашете се од никој и од ништо и живејте го животот во потполност. Следете ги вашите желби и надежи без разлика колку се тешки и колку се различни од другите. Луѓето честопати не го прават она што го сакаат или треба затоа што постојано размислуваат што другите ќе мислат или кажат. И запомнете уште една важна работа – луѓето кои не ви носат пилешка супа кога сте болни или ако не се покрај вас кога сте во неволја , не се важни!

Сите ние сме сосема обични луѓе . Некои носат прескапа облека или имаат големи титули или моќ и мислат дека се над сите други, но тоа не е така. Ги имаат истите сомнежи , стравови и надежи , јадат, пијат, спијат и прдат, како целиот нормален свет.

Кога ќе остарите и ќе имате деца, секогаш имајте ја на ум старата ирска поговорка: Пофалете ги децата и тие ќе процветаат !

Бидете добри и секогаш помагајте им на луѓето – особено на слабите , на оние кои се исплашени и на децата. Сите тие носат некоја своја тага и им треба вашето сочувство.

Не се приклучувајте на војската или на која било друга организација која ве обучува да убивате. Војната е зло . Сите војни ги започнаа стари луѓе кои ги измамуваа младите мажи да се мразат и да се убиваат. Старите преживуваат и како што ја почнаа војната со молив и хартија, така и ја завршуваат.

Читајте книги колку што можете повеќе. Тие се прекрасен извор на уживање, мудрост и инспирација.
Секогаш бидете искрени.

Патувајте секогаш кога можете, особено кога сте млади. Не чекајте додека имате доволно пари или додека не се наместат сите коцки. Некогаш, но никогаш не се случува.

Изберете работа или професија што ќе ја сакате. Се разбира, ќе има тешки моменти , но работата мора да биде пријатна .

Не викајте! Тоа никогаш не функционира, и ве повредува вас и другите. Секој пат кога викав, не успевав .
Секогаш одржувајте ги ветувањата што им ги дадовте на вашите деца. Не кажувајте „ќе видиме“ ако знаете дека одговорот е не. Децата ја очекуваат вистината, дајте им ја со љубов и добрина.

Никогаш не кажувајте некому дека го сакате ако не го сакате.
Живејте во хармонија со природата : излезете надвор, посетете ја шумата, планините, море, пустини. Ова е многу важно за душата.

Прегрнете ги луѓето што ги сакате . Кажете им сега колку ви значат , не чекајте да биде предоцна .

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ