spot_img

Момче (8) починало 3 пати, сите го отпишале, а кога се разбудил од кома, имал морничава порака за мајка си

- Advertisement -

Приказната за Лендон Вајтли го шокираше целиот свет
Страшна сообраќајна несреќа што се случи во 1997 година ги одбележа животите на членовите на семејството Вајтли.

Беше недела наутро, а Џули и Енди Вајтли се враќаа од црква со нивниот осумгодишен син Лендон кога на раскрсницата ги удри амбулантно возило.

Ударот бил толку силен што возачката страна била целосно уништена. Енди, кој возел, починал на местото на настанот.
Тогаш пожарникарите од автомобилот ја извлекле Џули која се наоѓала на совозачкото седиште и се здобила со полесни повреди.

Бидејќи автомобилот бил „стуткан“, луѓето не ни знаеле дека во возилото е и Лендон. Дури кога забележале детска патика, сфатиле дека има трет патник.

Кога конечно бил извлечен од урнатините, Лендон не давал знаци на живот. Лекарите успеале накратко да го оживеат, но срцето му застанало уште два пати пред да стигне во болница и едвај го реанимирале.

Лендон бил во кома неколку недели , а лекарите и рекле на несреќната Џули дека шансите да преживее се минимални и дека, доколку тоа се случи, момчето ќе биде неподвижно и со неповратно оштетување на мозокот.

Сепак, спротивно на сите очекувања, Лендон се разбудил од кома без знаци на оштетување на мозокот.
Неговата мајка била надвор себе од среќа, а потоа се обидела внимателно да го извести синот дека татко му загинал во несреќа.

Го прашав: „Знаеш ли каде е татко ти?“, а тој ме шокираше со одговорот: „Да, знам, го видов на небото“ – рекла Џули, која потоа доживеала уште поголем шок.

Во еден момент се наведна кон мене и ми рече: „Ех, да мамо, заборавив да ти кажам, ги видов и твоите други две деца „таму горе“! Бев зачудена бидејќи тој не можеше да знае дека пред да го родам, имав два спонтани абортуси. Јас и Енди никогаш не му го кажавме тоа – вели Џули.

Кога по трет пат се „вратил“ од другиот свет, Лендон тврди дека го сретнал Исус Христос.
Исус ми рече дека морам да се вратам на земјата, да бидам добар христијанин и да им кажувам на другите за него – рекол Лендон.

Сега е возрасен човек, живее нормален живот. Во главата има 23 метални плочи, коската од задниот дел на черепот му била искористена за реконструкција на носот и минимално гледа во левото око…

А Џули напишала книга за чудото што го вратило нејзиниот син од мртвите…

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ