spot_img

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА и обичаи за најголемиот Христијански празник – ВЕЛИГДЕН

- Advertisement -

Од теолошка перспектива, Велигден е најважниот христијански празник и изразува радост поради конечната победа на Синот Божји над смртта и прогонството.

Според некои протестанти, не Велигден , туку Велики петок е најголемиот христијански празник, бидејќи човештвото се ослободи од гревовите со смртта на Исус, а не со неговото воскресение.

Меѓутоа, оваа теорија го негира постоењето на живот после смртта, бидејќи според Библијата, Исус ја победува смртта само со своето воскресение. Многу христијани во ова го гледаат значењето на Велигден.

Христос воскресна! – Навистина воскресна!“ Тоа е поздравот со кој во наредните денови православните христијани ќе се поздравуваат меѓусебно. Велигден е празник над празниците или празник на чудата. Ден кога се слави Христовото воскресение и победата на доброто над злото.

Постојат многу митови и легенди за тоа како црвените јајца станале симбол на овој празник. Главен обичај за овој празник е дарувањето велигденски јајца, притоа водејќи сметка секој член на семејството и гостин да добие јајце со одреден симбол.

Момчињата и девојките се даруваат со јајца со исцртано венче за да си најдат животен сопатник, додека пак на малите деца во водата во која се бањаат им се става по едно црвено јајце за да ги заштитува и да ги дарува со здравје.

Се верува дека фарбаните јајца имаат голема моќ, па дури и нивната лушпа се смета дека има заштитна функција. Фарабаните јајце се ставаат во кошница со слама со цел таа да наликува на птичјо гнездо.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ