spot_img

НА 15 ГОДИНИ ЗАМИНУВА ВО СЕЛО ДА УЧИ ОД СЕЛАНИТЕ ДА СЕ БОРИ НИЗ ЖИВОТ, ОЖЕНЕТ Е ЗА НАРОДНА ПЕЈАЧКА: Чудниот животен пат на Кси Џипинг

- Advertisement -

Кинескиот претседател Си Џинпинг има многу необична животна приказна, а оваа има неколку интересни факти.

Кинескиот претседател Си Џинпинг скоро беше во тридневна посета на Русија, која го привлече вниманието на голем број луѓе. Сите очи на светот се вперени во Москва, каде Кси ќе се сретне со Владимир Путин.

Откако Си Џинпинг дојде на власт, тој важи за еден од најмоќните и најзагадочни луѓе во светот, а ние ви пренесуваме некои од најинтересните факти од неговиот живот.

Имено, овој неприкосновен кинески лидер е роден во јуни 1953 година во Фупинг, провинцијата Шанкси. Тој е Хан по националност. Дипломирал на престижниот Универзитет Цингхуа во Пекинг, на Катедрата за марксистичка теорија и идеолошко образование, магистрирал, а потоа се здобил со звање доктор по правни науки.
На 14 март 2013 година, Националниот народен конгрес го избра за нов претседател на Кина.

Тој беше женет двапати, во 1980-тите се ожени со Ке Лингинг, ќерката на дипломатот Ке Хуа, амбасадор на Народна Република Кина во Лондон. Но, тие се разведоа по неколку години брак. Потоа во 1987 година се ожени со познатата пејачка Пенг Лиуан, со која ја има ќерката Кси Мингзе, која моментално студира на Харвард под псевдоним.

Пред помалку од пет децении, тогаш 15-годишниот Кси го напушти хаосот на главниот град и побара засолниште во селото Лианџијахе, воодушевувачки строг пејзаж со жолти кањони, пештери и планини. Контрастот со животот во Пекинг беше веројатно уште поекстремен тогаш отколку денес. Милиони градски деца во Кина го направија истото, за да научат од селаните како да се борат низ тешкиот живот.

Моето срце се уште е во Лианџијахе. Лианџијахе ме создаде – тој обично вели Си.
Во продолжение прочитајте уште неколку интересни факти од неговиот живот.

Си е голем вљубеник во литературата и филозофијата.
Си никогаш не ги искажува емоциите и чувствата во јавност, но секогаш е мирен, контролиран и генерално ужива во функцијата претседател.

Си има диплома по хемиска технологија и доктор на политички науки
Пред него на конгресот секогаш има две шолји чај, што покажува чест.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ