Експертите тврдат дека секој кој сака да го подобри своето здравје може да биде поактивен под покривката, бидејќи односот има многу здравствени придобивки.




Имунитетот, кардиоваскуларното здравје и депресијата се само дел од областите каде што студиите сугерираат дека интимната активност може да биде корисна.




Добрата вест е дека интимниот однос еднаш или двапати неделно може да помогне во борбата против инфекциите и другите здравствени состојби, пишува The Sun.




Кеј Велингс, професорка по интимно и репродуктивно здравје, вели дека е нормално здравјето да не биде на врвот на листата кога се размислува за врска.




Имунитетот, кардиоваскуларното здравје и депресијата се само дел од областите каде што студиите сугерираат дека инимната активност може да биде корисна – изјави таа за „Дејли мејл“.




Интимниот однос може да ја потисне менопаузата, но и да помогне во борбата против инфекциите.
Студија од 2004 година покажа дека интимниот однос еднаш до двапати неделно може да го зголеми нивото наимуноглобулин А (IgA).




ИгА има посебно значење за локалниот имунитет на мукозната мембрана на респираторниот и дигестивниот тракт. Доенчињата добиваат секреторен IgA преку мајчиното млеко, а со тоа стекнуваат пасивен имунитет против гастроинтестинални инфекции. Селективниот дефицит на IgA е релативно чест и е поврзан со чести респираторни инфекции, како и со алергии и автоимуни болести.




Од друга страна, истражувањето на Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека средовечните жени кои практикуваат интимни врски имаат 28 отсто помали шанси да ги доживеат промените што ги носи менопаузата во следната деценија.




Исто така, интимните односи се од големо значење за менталното здравје.
Студијата објавена оваа година покажа дека луѓето кои имале интимен однос за време на изолација имаат 34 отсто помали шанси да доживеат депресија отколку оние кои немале интимен однос.