Нов масакр во Србија – убиени три лица, ранети девет, напаѓачот е во бегство

- Advertisement -

Нова трагедија во Младеновац, Србија три лица загинаа, а седум се ранети. Според неофицијални информации, во престрелката загинале полицаец и неговата сестра.

Како што пренесува „Нова.рс“, вооружениот напаѓач ги испукал рафалите од автомобил во движење. Постои сомнеж дека пукал од автоматска пушка, а потоа избегал од местото. Сите расположливи полициски сили во моментов се на терен во потрага по вооружениот напаѓач. Засега не е позната состојбата на повредените, меѓу кои има и деца.

Да потсетиме, итните служби повикот го примија нешто по 23 часот. На местото на инцидентот се и припадници на полицијата, а по младиот У.Б., кој има 21 година и е осомничен, е распишана потерница.

Повредените се веќе однесени во Ургентниот центар, каде дел се борат за живот.

Откако заминал од местото каде се случија убиствата, тој пукал и на други локации.

„Телеграф“ јавува дека тој пука и кон полицајците, кои се обидуваат да го неутрализираат и да го уапсат, откако по бегството го нашле во друго српско село. Тој е опколен од екипи кои преговараат со него за да се предаде.

На местото каде се одвивала крвавата пресметка, пристигнале и роднини на загинатите, но и повредените. Се слушаат лелеци и плач.

Досега е познато дека од тројцата убиени, еден е полицаец, а другата жртва е неговата сестра. Потоа, подлегна и третиот повреден, чиј идентитет е непознат.

Засега се шпекулира дека 21-годишното момче прво се скарало со групата, отишло дома, па се вратило со автоматска пушка и почнато да пука за да ги убие.

- Advertisement -
spot_imgspot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ