spot_img

ОВА ОВОШЈЕ НАЈМНОГУ ГОИ: Иако е здраво, полно е со шеќер, доколку сакате да ослабете строго избегнувајте го!

- Advertisement -

Овошјето е на самиот врв на листата на намирници кои треба да ги јадете секој ден, но и овошјето има своја калориска вредност и содржи шеќер.

Погледнете ја калориската вредност на некои овошја: Овошјето е добро за вас и му ги нуди на телото потребните хранливи материи и минерали, но се разликува и по количината на шеќер што го содржи.

Доколку сакате да ја одржите тежината или сте на диета, добро е да знаете кои овошја е добро да ги избегнувате.
МАНГО Едно манго содржи околу 45 грама шеќер, па затоа не е најдобриот избор за оние кои се на диета. Ако мангото е вашето омилено овошје, а сте на диета, изедете само парче или две.

ГРОЗЈЕ Само една шака грозје содржи околу 23 грама шеќер, а тоа е многу за оние мали бобинки кои се лесни за јадење. Ќе јадете помалку ако ги преполовите и ги ставите во замрзнувач, но секако ќе послужи како вистинско летно уживање кое се џвака уште помалку…

ЦРЕШИ Малку се оние кои не сакаат цреши, но за жал тие содржат и многу шеќер, па затоа само мала порција ќе обезбеди до 18 грама шеќер. Секако, најдобро е да се јаде во мали количини, иако знаеме колку е тешко тоа…

БАНАНА Една мала банана содржи околу 14 гр шеќер, ако тоа е премногу за вашите потреби, можете да додадете половина банана во оброк, јогурт или салата.

СМОКВИДве помали смокви содржат околу 16 гр шеќер, па неколку парчиња од ова задоволство ќе ви бидат доволни доколку сте на диета. Додадете ги во појадок или салати.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ