spot_img

ОВИЕ ЗБОРОВИ МОРА ДА ГИ ЗАПАМТЕТЕ ДЕНЕС: Православните верници го одбележуваат споменот на Света Февронија

- Advertisement -

Македонската православна црква денеска ја слави Светата преподобна маченичка Февронија. За да избегне брак со смртник, таа си го избра себеси Христа за вереник, и се замонашила на исток во земјата Асирија, во манастирот каде што била игуманија нејзината тетка Вриена.

Лизимах, син на голем човек, имал желба да се ожени со Февронија, но бидејќи царот Диоклецијан се посомневал дека е таен христијанин, го испратил на Исток, со Селин, неговиот вујко, да ги фати и убива христијаните.

Селин беше суров како ѕвер и ги истребуваше христијаните насекаде без милост. Лизимах, напротив, ги поштедувал христијаните каде што можел и ги држел подалеку од својот вујко налик на ѕвер.

Од моштите на света Февронија се случија многу исцеленија, а таа се појави на денот на нејзиниот празник и застана на своето вообичаено место меѓу сестрите, а сите сестри ја гледаа со страв и радост .

Света Февронија чесно се упокои и се пресели во вечното блаженство во 310 година, а во 363 година нејзините мошти беа пренесени во Константинопол.

Во проповедта за денес се вели: Не се фалете со утре, бидејќи не знаете што ќе донесе сегашниот ден.
Да не се фалиме, браќа, со она што не е во наша моќ. Господ ги ставил годишните времиња под Негова власт, и Тој располага со нив. Само Господ знае, дали утре ќе не вброи меѓу живи или мртви? Некои умреле пред денот на нивната венчавка; други пак слегоа во гробот во пресрет на денот на крунисувањето со царската круна.

Затоа, никој да не каже: утре ќе биде најсреќниот ден во мојот живот: утре се мажам! Или: утре се ќе ставам царска круна! Или: утре одам на голема гозба! Или: Утре добивам голема победа! О, никој да не зборува за утрешната среќа.

Ете, дури и оваа ноќ душата може да го напушти телото и утре да се најде опкружена со црни демони ! И во оваа ноќ човек може да се одвои од роднините и пријателите, од богатството и честа, од сонцето и ѕвездите и да се најде во сосема непознато друштво, на невидено место, на неочекуван суд.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ