Во Србија веќе еден месец се одвива вакцинација со трета доза, и нема никакви ограничувања освен да биде примена после 6 месеци од втората.




Не е важна ни возраста ни тоа кој тип на вакцина претходно бил аплициран, односно веќе третиот пат може да се вакцинираат со кој било тип вакцина.




Кај нас пак од понеделник ќе почне вакцинација со трета доза, но само со Фајзер, без разлика ако претходно граѓаните биле вакцинирани со друга.




Ќе може само оние кои се над 60 години, здравствени работници или пак оние со здравствени проблеми. За да може оние кои ги примија првите две дози во Србија тука да се вакцинираат со трета доза ќе мора да се пријават сами. Но нема одговор како да се спречи Македонците да не манипулираат во Србија.




Според Филипче има доволно вакцини на Фајзер во земјава за да се задоволат потребите за трета доза. Вакцинацијата и понатаму вели останува најсигурна против смртноста од ковид 19.




Но бидејќи во земјава е особено висока ќе се прави обемна анализа за начинот на лекување на пациентите кои починале, но и нивната претходна здравствена состојба и јавувањето на лекар.