spot_img

Посвоено девојче кое живее во Америка си ги бара родителите во Македонија:Родена е во Битола!

- Advertisement -

Aлисон Голдин е 23-годишна девојка, која живее во Америка, и од пред три години ја започнала потрагата по своите биолошки родители.

Од она кое го знае, родена е во Битола, во Домот за доенчиња и деца без родителска грижа. Таа реши преку ,,Фокус” да се обиде да ја пронајде својата мајка, или пак други блиски роднини, споделувајќи ги сите информации коишто ги знае за себе, од времето кога престојувала во Битола.

Ако ова го чита мојата мајка… Никој навистина не може да разбере како е да не знаеш од каде доаѓаш, кој те држел во прегратка за прв пат, кој решил да ти подари живот. Сакам да верувам дека моето семејство е таму некаде и еден ден ќе бидеме повторно заедно. Во потрага сум по моето биолошко семејство, љубопитна, и со надеж дека пак ќе се сретнеме – вели Алисон.

Таа појаснува дека според документите кои ги има, родена е како Елена Митевска на седми август 1998 година во Битола. Била посвоена во ноември истата година, а семејството кое ја посвоило е од Америка. Долг период знаела дека е посвоена, а пред три години ја започнала потрагата по своите корени.

Според документи од домот, претпоставува дека можеби нејзиното потекло е од Скопје или Куманово, но не може да тврди со сигурност.

Никогаш не сум била во Македонија, но би сакала да дојдам. Се надевам дека мојата приказна ќе допре до многумина и дека можеби ќе се јави некој кој ја знае вистината за мене и моето потекло. Мојот број за идентификација (матичен број) од Македонија е 0708998455009, ако тоа може да помогне. Направив и ДНК анализа.

На мојот извод на раѓање се направени некои измени за да се сокрие идентитетот, но се надевам дека ќе го најдам биолошкото семејство.

Колку што знам, кога моите родители кои се Американци ме посвоиле од Битола, со себе сум немала некоја своја облека, играчка или било што оставено од мајка ми. Немам предмети од неа, но ја чувам фотографијата од денот кога ме посвоиле од таму. Ако било кој може да ми помогне во потрагата и има информации за моето потекло, ве молам контактирајте ме на Фејсбук или Инстаграм, мојот профил е Alisson Goldin- вели таа.

Да продолжите со читање на текстот кликнете ТУКА

Извор/Фокус.мк

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ