spot_img

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Божиќ:Денес ништо не се изнесува од дома

- Advertisement -

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

Семејството на Бадник се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Домаќинот го крши лепчето на еднакви делови и се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година.

Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ. Во сите храмови утрото по Бадник се служи празнична Божикна литургија.

На Бадник ништо не се позајмува од куќата, а ако нешто е позајмено порано, се бара да се врати, бидејќи не е уредно она што и припаѓа на куќата на Божиќ да биде надвор од неа.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ