Многумина од нас користат магдонос за подготовка на разни јадења. Свежата и ароматична билка, не само што ја збогатува храната со одличен вкус и арома, туку и дополнително ја заситува со витамини.




Помеѓу другото, магдоносот е моќен диуретик, ослободува од отоци, инфекции на уринарниот тракт и други здравствени проблеми.




Овој рецепт за напивка за слабеење е многу популарен, а заснован е на способноста да од организмот го исфрли вишокот течност.




Наведената количина на состојки е потребна за еднодневнокористење. Имајќи го во предвид изразениот диуретички ефект, не се препорачува да се зголемува дозата, а треба да се прават и долги паузи. Хронично болни и бремени жени треба да се консултираат со лекар, пред да ја користат оваа напивка.
Состојки:




5 лажици исецкан лист од магдонос и 1 литар вода
Подготовка:




Прелијте го магдоносот со врела вода. Поклопете и оставете да отстои 20 минути. Процедете.Напивката пијте ја во текот на цел ден.