spot_img

(РЕЦЕПТ)Оваа Сочна мексиканска мусака ќе ја обожавате!

- Advertisement -

Во недостиг на идеи понекогаш барам рецепти на интернет врз основа на состојките кои ги имам.
Овојпат налетав на мексиканска мусака и ја направив за ручек, па се изненадив колку добро излезе. Ние сме навикнати на мусаки со компир, малку ориз, павлака и јајце, а тука се наоѓа пченка и грав искомбинирани со динстано мелено месо и варен ориз.

Состојки:600 гр мелено месо,1 кромид,2 чешниња лук,100 мл масло,
1 мала лименка слатка пченка и една мала конзерва грав
100 гр било кое тврдо сирење,2 полни шолји ориз (или доза како што сакате),сув зачин, лист магдонос, бибер и црвен пипер.

Подготовка:
Исечкајте ги кромидот и лукот, загрејте го маслото и ставете го кромидот, додадете шолја вода и динстајте додека да испари водата, потоа додадете го месото, повторно налејте со шолја вода.

Варете додека не испари водата, па повторно додадете вода.
Додадете половина лажица сув зачин, малку бибер, лист од јаглика, сè заедно издинстајте и тргнете го од оган.
Додека месото се крчка, во друг сад истурете го оризот и двојно повеќе вода, па ставете го да се готви на средна температура 20 минути.
Тргнете го од оган и поклопете.Оставете околу 15 минути, малку ќе згусне, процедете и измијте го оризот.Додадете го во месото.

Во масата додадете исцеден грав и пченка и сè измешајте. Додадете лута пиперка по желба.Посолете по вкус, додајте повеќе бибер или зачини што ги сакате и ставете сè во огноотпорен сад.
Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее.Само внимавајте кога ќе ја истурите масата во огноотпорен сад да има малку течност, да биде сочна, бидејќи дел од неа ќе испари кога ќе се испече.

Ставете во рерна 20 минути, па извадете, посипете со кашкавал и вратете уште 30 минути да се пече. Послужете топло.
На здравје!

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ