spot_img

Сашо Тасевски: Ненормално е да бидете на страната на кучето кое напаѓа луѓе, дури и деца. Бајги ненормално.

- Advertisement -

Супер сте сите што чувате кучиња. Стварно секоја чест. Јас немам услови. Покрај три деца на кои им имам сменето три тони пелени и сум ги шетал и сум дремел со нив надвор додека растеле, сега пак да шетам куче од сабајле па навечер, да чекам да се измоча да се искака, немам нерви јеби га. Со три деца, нервниот систем ми е малку оштетен. Иако децата ми се топ.

И не ми пречат вашите кучиња кога пијат смути барабар со мене и кога ме гледаат умно, ко Ниче. Само ме нервира ако ми лаат на увце додека седам у кафиќ.

Па уште ако има неколку што лаат едно на друго, стварно не е пријатно
Често пати ви ги земам ги галам, ги закачам, ги чешкам. У маало имам еден Арес, ретривер, ме осеќа уште на 50 метри и ја бута главата меѓу шипките да го галам.

И Фанки на Чочо знам да го малтретирам некад од милост и ме остава. Чочо ми ржи али Фанки не. И на доктор Јоцо малтешката сум ја гњавел…
Значи стварно сум кучељубец.

Но, муабетите од типот, знаеш, тоа куче ко било мало некој го тепал затоа сега напаѓа луѓе… тие муабети ми се без врска.

Што е бе некоја Јана крива која има три години и која ја искасало куче затоа што некој го тепал кога било мало?
Аман бе, дојдете на себе.

Некој тип штом почне да напаѓа невини луѓе, го тураат у затвор. Толку е просто.
Ама имал трауми од детство, мајка му го тепала со закачалка, големи јајца. Оди во затвор.
У САД и други земји уште постои смртна казна за најопасните.

Ненормално е да бидете на страната на кучето кое напаѓа луѓе, дури и деца. Бајги ненормално.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ