spot_img

Светец кој со молитва истерувал демони. Денеска Иларион Велики-преподобен

- Advertisement -

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост.

Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да Му се предаде на служба на Господа. Со таа желба во срцето Иларион појде и го посети свети Антониј во пустината и стана негов ученик. Потоа се врати во својата татковина и се подвизуваше близу Мајум, кај Газа.

Демоните го плашеа со разни застрашувања, но со молитва кон Бога и со знакот на крстот постојано ги победуваше и ги изгонуваше. Околу него се собраа мноштво љубители на духовниот живот и за Палестина свети Иларион стана она што за Египет беше свети Антониј.

Како Божествен учител, нерасслаблив подвижник, прекрасен чудотворец, Иларион беше уважуван не само од христијаните туку и од незнабошците. Плашејќи се од човечките пофалби и говорејќи си со плач: „Тешко мене, ја примив на земјата својата плата!“, тој бегаше од место во место само за да се скрие од луѓето и да остане сам со својата душа и со Бога.

Така се населуваше и извесно време живееше во Египет, во Сицилија, во Далмација и најпосле на Кипар, каде што го заврши својот земен живот околу 372 година, кога имаше осумдесет години. Неговиот ученик Исихиј чудотворните мошти на свети Иларион ги пренесе во Палестина и ги положи во манастирот што го основаше тој.

Господи Боже, Свети Дух, не одрекувај ни ја Твојата света и моќна благодат, за да се очистиме од гревот и да се удостоиме за царството Христово. Слава и благодарност до тебе засекогаш. Амин.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ