„СДСМ и ДУИ се спасуваат од милионскиот криминал“

- Advertisement -

Измените на Кривичниот законик кои беа усвоени вчера во постапка која не траеше ни два дена во Собранието, според ВМРО-ДПМНЕ, се за амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ.

Но, од СДСМ уверувата дека измените ќе ја зајакнат одговорноста.

„Ова значи и зголемување на ефикасноста и ефективноста во борбата против криминалот, што е особено важно. Измената на Кривичниот законик е и во смисла на усогласување со европското законодавство бидејќи се постигнува целосна согласност со Директивата на ЕУ 2014/42 за замрзнување и конфискација на имотни предмети и придобивки стекнати од кривични дела“, велат од СДСМ.

За законските амандмани гласаа 48 пратеници, 36, главно од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, а еден беше воздржан.

- Advertisement -
spot_imgspot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ