spot_img

Сопругата на Апасиев Тамара: На крај се, се враќа како бумеранг

- Advertisement -

Фушерското сработување на сопствените обврски, на крај се враќа како бумеранг.
Патиштата кои ги правите се и за ваша употреба,
зградите кои ги градите се за живеење и на вашите блиски и познати,

учениците и студентите кои ги образуваме утре ќе бидат лекари, правници, менаџери, министри… за нашите деца,
неуслужливоста на шалтери на јавни институции создава нервоза и фрустрации за луѓе кои на други места треба да ве услужуваат вас,

пребрзото возење ги става во опасност сите наши деца,
оставањето смет ги валка парковите, реките и езерата кои сами треба да ги користиме за одмор и уживање…

Како е возможно за миг да не се помисли дека се’ што е направено без грижа, без осет за другиот, всушност на крај задолжително се враќа кај нас самите.

Да не се жалиме дека не ни штима дома, оти дома постелата сами си ја местиме и како ќе си ја наместиме, така ќе ни биде!

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ