spot_img

Стар тренд, во Германија повторно се враќа на голема врата

- Advertisement -

Германија се соочува со масовни нарачки на грејни тела независни од гас, вградени камини и печки на дрва, тврди Централното здружение на санитарија, греење и климатизација (ЗВСХК).

Германците стравуваат од можен недостиг на гас, додека струјата сè повеќе поскапува, па бараат алтернативни извори на греење.

Побарувачката нагло порасна поради вртоглавите цени на електричната енергија, испораките на гас доцнат ширум Европа поради нарушување на синџирите за снабдување, а со недостигот на суровини што следеше, прашање е колку Германија ќе може да ги снабдува купувачите.

„Во Германија има 2.000 компании за производство на печки. Интересот за јаглен, огрев и печки е сè поголем, како и редици што почнуваат да се создаваат пред продавниците“, тврди ЗВСХК, додавајќи дека за испораката на камини може да се чека од седум месеци до една година.

Затоа, додаваат од таму, поедини купувачи сигурно нема да ги добијат своите камини или печки до почетокот на грејната сезона, некои дури и во текот на зимските месеци.

Германците и, претходно, пред војната во Украина почнаа да прават залихи на јаглен и дрва, по поскапувањето на гасот, стравувајќи дека енергенси воопшто ќе нема.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ